понеделник, 11 ноември 2024

Сo возило се искачиле на врвот од Галичица по забранетиот пат па барале помош

По затворениот пат за сообраќај во овој период од годината неколку лица со возило се искачиле на врвот од Галичица, но таму се заглавиле и морале да повикаат помош преку телефонскиот број 112 за итни случаи. Во организација на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на нозе се кренале спасувачките екипи од Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

„По примениот повик веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид кои, согласно временската видливост, итно се упатиле на терен за да помогнат и да ги извлечат лицата. И сите надлежни институции биле известени за натамошна постапка. Во исто време било комуницирано со граѓаните од заглавеното возило за да се дознае повеќе за нивната состојба при што се информирани дека спасителите се на пат за нивно извлекување, Спасувачката акција траеше од 5 до 8 часот утрово и е успешно завршена“, информираат од ЦУК.

Од ЦУК воедно потсетуваат дека патниот правец преку Галичица сезонски е забранет за сообраќај од 15 ноември до 1 април и апелираат забраната да се почитува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ