петок, 21 март 2025

Се урна платниот промет во евра во цела ЕУ

Платниот промет во евра во Европската Унија во моментов е оневозможен поради технички проблеми во системот, кој дневно обработува трансакции вредни 1.900 милијарди евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Европската централна банка објави дека прекинот влијаел на комуникациските канали на нејзината паневропска платформа ТАРГЕТ2 секјуритис или Т2С.

ЕЦБ во последната објава наведе дека сервисот Т2, клучен дел од ТАРГЕТ системот за плаќање во ЕУ, има проблеми кои влијаат на обработката на трансакциите меѓу апликациите и пристапот на корисниците до апликацијата, додека ЕКОНС 2и понатаму е отворен за обработка на најкритичните уплати, за кои треба да се координира со соодветната централна банка.

За да продолжат операциите на Т2 системот, ќе биде потребно да се изврши пренос на секундарна локација. Се очекува за еден час да нормално да продолжат операциите.

„Евросистемот ги презема сите потребни мерки за нормалните операции да продолжат што е можно побрзо“, наведе Европската централна банка.

Ројтерс пишува дека се чини дека европските пазари на акции, валути и обврзници нормално тргуваат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ