понеделник, 14 октомври 2024

Се собраа Македонци оттаде границата, во Долни Дебар, кај црквата од 12 век

Објавено на

часот

Сподели

Денешниот христијански празник, Преображение Господово, кој е патрон на селската црква, го одбележаа Македонците од селото Ербеле, а по традиција присуствуваа верници и од соседните села, како и оние по потекло од овој крај, а сега живеат во Македонија, во други градови во Албанија и во западноевропските земји. 

Жителите од поширокиот крај од двете страни на границата, независно од верската припадност веруваат дека црквата има исцелителна моќ.

„Традицијата не ја забораваме. Во црквата доаѓаме спроти прзаникот, тука сме од синоќа, а одбележувањето го продолживме денеска. По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во оваа црква доаѓале не само православни, туку и муслимани. Ноќта ја минувале во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ, вели за МИА жител на селото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ