вторник, 14 јануари 2025

Се појави снимка од експлозијата во која загина рускиот генерал во Москва (ФОТО+ВИДЕО)

Високопозиционираниот генерал на руската армија и шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана Игор Кирилов загина во експлозија во Москва. На Твитер се појави видео од моментот на експлозијата и смртта на генералот и неговиот помошник.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генералот Кирилов излегувал од станбената зграда кога експлодирала експлозивна направа скриена во скутер паркиран во близина, соопшти Рускиот истражен комитет.

Експлозијата се случила на улицата Рјазански во Москва, 7 километри јужно од Кремљ.

Украински безбедносни извори изјави дека Украина стои зад атентатот на генерал-полковникот Кирилов во Москва.

Кирилов беше одговорен за руските сили за нуклеарна одбрана.

Тој беше назначен за шеф на тие сили во април 2017 година.

Според руската новинска агенција Тасс, тој учел во Вишата воена школа за хемиска одбрана Кострома.

Украинската служба за безбедност (СБУ) вчера во отсуство го осуди Кирилов за употреба на забрането хемиско оружје во Украина, објави Киев индипендент. СБУ тврди дека за време на Кирилов, Русија користела хемиско оружје во Украина речиси 5.000 пати.

Кирилов беше санкциониран од Британија и Канада, меѓу другите, за неговата улога во војната во Украина.

Украина ја презема одговорноста за оваа ликвидација, рекол за Ројтерс и АП безбедносен извор од таа земја. Дека зад оваа ликвидација стојат украинските разузнавачки и безбедносни служби наведуваат и медиумите во Киев. Киев индипендент и РБЦ пишуваат дека Кирилов бил убиен од Службата за безбедност на Украина (СБУ), повикувајќи се на извор од таа агенција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ