„Мајка му почина пред неколку години и живееше со него. Полицијата најдобро го познаваше. Само ако на време го затвореа, да ја заштитеа Низама , да преземеа нешто за тој случај… но видовте дека никој со тоа не се занимавал па дочекавме тој да експлодира и да го направи тоа што го направи“, изјави таткото Фикрет Сулејмановиќ.
Кажа дека ја запознал снаата Низама Хеќимовиќ, која неговиот син ја уби минатиот петок, како и виното осуммесечно бебе. Тогаш помислил дека Нермин се смирил.
„Одлучив еден ден да ги посетам па ја спуштив главата и отидов кај нив. Ги видов Низама и бебето на пет минути. Бев среќен. Доби дете, мислев дека ќе биде подобро, дека се поправил, дека ќе биде сè подобар поради бебето. Но останал ист. Кој не би се надевал дека ќе биде подобар за своето дете?“, праша таткото.
Додал дека е толку потресен што само пие апчиња и гледа во таванот и сака сè да заборави.
Нермин Сулејмановиќ, кој изврши тројно убиство, почнувајќи од својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, веќе бил пријавуван во полиција за семејно насилство.
Откако ја претепал и ја убил својата невенчана сопруга, Нермин убил уште две лица, татко и син, турските државјани Џенгиз и Денис Ондер. На крајот извршил самоубиство.