петок, 21 март 2025

Се намалува бројот на заболени од грип

Регистрирани се 2.726 нови случаи на заболени од грип што е за 5,3 проценти помалку во однос на претходната недела. Најголем број заболени има во Скопје, односно 616 луѓе, информираше денеска директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андонова денеска во изјава за медиумите препорача граѓаните да избегнуваат собири, да се проветруваат просториите и да се следат останатите препораки.

Таа посочи дека оваа недела не е регистриран случај со смртен исход.

Во сезоната 2024/25 година досега регистрирани се вкупно 14.340 случаи на заболени од грип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ