вторник, 15 октомври 2024

Се крена завесата на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“,

Завесата на 32. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој традиционално почнува на Денот на независноста, вечерва ја кренаа актерите од НТ „Антон Панов“ Струмица со претставата „Црна Дупка“ од Горан Стефановски, во режија на Љупчо Ѓоргиевски.

Фото: Фесјбук

Објавено на

часот

Сподели

Во конкуренција за единствената награда за највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда од 1.500 евра и плакета се актери од осум претстави од Македонија, Бугарија и Србија.

Жирото го предводи ланскиот лаурет, актерот Јордан Симонов, кому вечерва градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов му ја врачи плакетата за најдобро актерско остварување од минатогодишното фестивалско издание.

„Јас на 6 -7 години го гледав Ристо Шишков во бараките во Театар ‘Центар’ во претставата ‘Кенгурски скок’, кога тој возеше еден велосипед во место. Добра претстава, едноставно, но после многу години јас сфатив дека се вработувам во истата таа зграда, на истото тоа место каде сум го гледал Шишков. Работам со Васил Шишков, Бог да го прости, да го спомнеме и него и еве сега приказната ја заокружувам со оваа голема награда“, рече Симонов.

 

Според селекторот на фестивалската програма, режисерот Љупчо Ѓоргиевски, осумте претстави избрани за учество на Фестивалот ќе понудат одлични актерски креации.

„Критериумот за избор на претставите е нивниот кавлитет и тоа што е релевантно се конкурентни за оваа награда. Фестивалот има една, единствена актерска награда за високо актерско остварување ‘Ристо Шишков’ и се разбира тоа е водечкиот критериум за избор на претставите“, изјави Ѓоргиевски.

Фестивалот за отворен го пробласи градоначалникот на Струмица.

Утре програмата продолжува со претставата „Гардеробер“ во изведба на актерите од Драмскиот куклен театар „Иван Радоев“ од Плевен,

Фестивалот се одржува од 8 до 13 овој месец во Центарот за култура „Антон Панов“ со финансиска поддршка од Министерството за култура, Општина Струмица и Фондацијата „Заев-едно општество за сите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ