Десетици дечиња од најразлична возраст заедно со своите родители се забавуваа во ритмите на македонската музика, организирани работилници, квизови преку кои децата покажаа што знаат и можат за Македонија.
Секое од дечињата си замина од клубот со подарок сувенир во црвено жолтите бои на Македонија.
„Главна цел на клубот и во наредниот период ќе бидат младите, од нив сè почнува. Ќе продлжиме со ваков тип на настани за најмладите, но планираме и во континуитет да организираме посети и историски часови за деветооделенците во нашиот клуб, се со цел да ја разбудиме националната свест и гордост кај младите”, вели Сотир Лукровски, координаторот на здруженијата.