понеделник, 9 декември 2024

СДСМ знае кои нивни функционери биле корумпирани од Маѓар телеком

Објавено на

часот

Сподели

СДСМ како владејачка структура во 2005 и 2006 година во свои раце ги имаше алатките на целокупната власт и само со нивни функционери можело да има корупција во случајот со „Маѓар телеком“, обвини денес ВМРО – ДПМНЕ.

„Американските истражни и правосудни органи, во врска со криминалот во Телеком за време на владеењето на СДСМ велат дека за време на 2005 и 2006 година извршните директори, тогаш вработени во „Маѓар телеком“, понудиле, ветилe, реализирале и платиле пари или ветиле нешто вредно за коруптивно влијание на претставници на македонската влада и политичка партија со цел да му овозможат бизнис и регулаторни бенефиции на Маѓар телеком”, изјави Александар Бичиклиски, портпарол на партијата, на денешната прес-конференција.

На СДСМ ѝ бил добро познат целиот криминал направен во Телекомот.

„Сите одговори за криминалот ѝ се познати на СДСМ. Секој обид за дефокусирање на главната поента на пресудата на американските служби, кои ја носат пресудата поради продолжување на монополската позиција на Телекомот од страна на тогашната влада на СДСМ, не само што е манипулација, туку е и продолжено соучество и прикривање на еден од најголемите корупциски скандали во Македонија“, изјави Бичиклиски.

Тој нагласи дека СДСМ со пренасочување на вниманието и денес, по подолги години, го прикрива и соучествува во криминалот на нивната влада од пред 6 години.

„Впрочем, според јавно достапните сознанија, американските служби го испитувале целокупното работење на Телеком, а откриле криминал само во овој конкретен случај на подмитување. СДСМ треба да каже кои се владините претставници што се вмешани во криминалот во Телеком. Дали тоа е тогашниот премиер Владо Бучковски или потпретседателката на тогашната влада, Радмила Шекеринска, или можеби Стевчо Јакимовски, кој одреден период ја вршеше и функцијата министер за економија?“, запраша портпаролот на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ