недела, 13 октомври 2024

СДСМ: Унгарскиот амбасадор во ЕУ гласал за одвојување на Македонија и Албанија

Денешната средба меѓу премиерите на Македонија и на Унгарија, Христијан Мицкоски и Виктор Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани. Оваа посета Мицкоски требаше да ја искористи и јавно да го праша Орбан, зошто амбасадорот на Унгарија, инаку земја претседавач на ЕУ, гласал за одвојување на Македонија и Албанија, реагираат од СДСМ во денешното партиско соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

Од СДСМ сметаат дека премиерот Мицкоски требало да разговара со неговот колега Орбан, зошто македонските граѓани, во неговото претседавање се доведени во ситуација да бидат последни во редот за приклучување во ЕУ, ако тоа приклучување воопшто некогаш се случи.

„Мицкоски требаше да го праша Орбан зошто не помогна, како стратешки партнер, во периодот кога договарале кредити од сомнително, кинеско потекло, да се промени преговарачката рамка, како што ветуваше Мицкоски. Мицкоски и Орбан не понудија ништо за граѓаните, освен што одлучија да ги задолжат за нови 500 милиони евра и да ја закопаат европската перспектива на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ