Според Илиевски, СОЗР, орган во рамки на Владата склучила договор за обезбедување на државните објекти со компанијата Праеториан ДООЕЛ, вреден 3,5 милиони евра. Огласот за тендерот бил распишан на 10 октомври 2024 година и до тогаш, компанијата е во сопственост на Тадеуш Јарчев, а управител е Анета Јарчева.
„Но, само осум дена подоцна, во ек на огласот, односно на 18 октомври, Власе Танаскоски, роднина на Томовски, влегува во Праеториан ДООЕЛ Скопје. Регистрирана е подружница во Охрид и за нејзин раководител е избран токму роднината на Томовски, Власе Танаскоски. Адресата на подружницата се совпаѓа со седиштето на компанијата „Гашо Пласт“, чиј сопственик е уште еден близок роднина на истиот функционер. Ова е класичен пример за злоупотреба на функцијата и директен конфликт на интереси“, рече Илиевски.
Тој ви името на СДСМ побара итна реакција од Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство и „сите надлежни институции“.
„Неопходно е целосно да се истражи случајот и да се утврди одговорноста за овој скандал. Ваквите скандали мора да завршат! Граѓаните заслужуваат власт која ќе работи во нивни интерес, а не за лични и фамилијарни профити“, кажа Илиевски.
Во врска со најавата на Томовски за купување на нов владин авион, Илиевски рече декаидејата е забегана.
„Скандалозна и најблаго речено забегана е најавата на директорот на СОЗР дека власта сака да купува нов авион за владините фукцинери додека нема пари за плати за работниците, за поголема минимална плата, а гледаме дека нема ниту лекови. Власта е одлепена од реалноста, луѓето не можат да врзат крај со крај, се мачат со секојдневните поскапувања и високи трошоци за живот, платите стагнираат, додека власта се лукзузира. Најавата пак, дека се размислувало и демек за половен авион е навреда на интелегнцијата на луѓето, станува збор за милионски бизнис зделки. СДСМ е против и ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ“, изјави Илиевски.