вторник, 15 октомври 2024

СДСМ: Со есенската кошничка власта им мачка очи на граѓаните

Со најавеното замрзнување на маржите на само 73 производи власта под притисок на јавноста мачка очи а резултатот ќе биде никаков, тврдат од опозициската СДСМ во денешното партиско соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

Мерките на владата на Христијан Мицкоски се задоцнети и нема имаат реален ефект ниту врз намалување на цените на производите ниту врз стандардот на граѓаните, велат од СДСМ.

„Наместо економска политика гледаме калкулантска политика на Владата на Мицкоски и тотална негрижа за стандардот на граѓаните. СДСМ на пример минатиот септември 2023 година донесе мерки за намалување на над 500 производи во 25 различни категории и реализираше антикризен пакет за помош на граѓаните вреден 662 милиони евра. Тоа е реална помош. Платите се намалуваат а цените остануваат високи и растат. Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа“, велат од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ