четврток, 12 декември 2024

СДСМ реагира на изјавата на Мицкоски за „вкоренетите инсталации“ од претходната власт во паравосудството

Веднаш по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за длабоките инсталации од претходната власт меѓу некои обвинители и  судии, со реакција излегоа од опозицискаа СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„ Христијан Мицкоски додека зборува за инсталации веќе се обидува длабоко да влезе во партизација на судството.

Прв на листа беше сопартиец на неговиот коалициски партнер Изет Меџити од Демократското движење, Адријан Демири кој пратениците на власта го изгласаа во матичната Комисија за прашања на изборите и именувањата за член на Советот на јавни обвинители.

Ова ли е реформата која ја најавува? Ова е тоа што ВМРО-ДПМНЕ го правеше порано и сака да го прави и сега.

Вистинска реформа не подразбира партиско назначување на кадри како што тоа го прави Мицкоски туку, судство ослободено од прангите на неговата партија.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која секогаш кога е на власт имала една единствена цел, ставање на судството под контрола и сега тоа го докажува на дело“, се наведува во соопштението на СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ