недела, 9 февруари 2025

СДСМ: Примерот со Бехтел во Србија ја демаскира хајката на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено на

часот

Сподели

„И кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10д, а неделава Владата плати 117 милиони евра за аванс и мобилизација.

ВМРО-ДПМНЕ е против секој успех и напредок на државата и од политички и лукративни причини води хајка против изградбата на коридорите и против Бехтел и Енка, која се базира на лаги и невистини.

Лагите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не можат да ја запрат изградбата, туку само ја поскапуваат и го продолжуваат рокот за завршување на штета на граѓаните и на државата“, соопшти СДСМ. 

Вчера и координаторот на овој пеоркт и вицепремиер Артан Груби изјави дека и кај нас специјалниот закон го изгласа Собранието, се потпиша договор со истата компанија за изградба на коридорите 8 и 10д и дека лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат изградбата, туку само ја поскапуваат и го продолжуваат рокот за завршување. Зависи од самите пратеници дали ќе се гради поевтино и побрзо или поскапо и подолго, додаде Груби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ