вторник, 3 декември 2024

СДСМ предлага 0% ДДВ за прехранбените продукти, ВМРО-ДПМНЕ е против

СДСМ ќе поднесе предлог измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност, со крајна цел, сериозно да поевтинат прехранбените продукти, најави денеска претседателот на партијата, Венко Филипче. По неговата конференција за медиуми веднаш реагираа од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ од каде информираат дека нема да го поддржат предлог-законот на СДСМ за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, со кој се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана.

Објавено на

часот

Сподели

Филипче денеска предлогот нивен се однесува на повеќе од 250 категории производи кои би биле со нула проценти ДДВ“, рече Филипче.

„Ова законско решение ќе донесе реални заштеди во месечните трошоци на граѓаните, имајќи предвид дека најголем дел од трошоците отпаѓа на ставката храна. Учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка е 23.000 денари. Со нула проценти ДДВ, заштедата на граѓаните месечно ќе биде од 1.200 до 2.000 денари. Што е најважно, за спроведувањето на Предлогот на законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата“, додаде тој.

Филипче истакна дека за оваа мерка СДСМ се консултирала со експерти и бизнисмени и ги повика сите пратеници да дадат поддршка на ова предлог-законско решение.

Пратеникот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во друштво со економските креатори на Владата на СДСМ од тој период, Фатмир Бетиќи и Димитар Ковачевски, предлага вакво решение иако истите тие луѓе претходно четири пати одбија такво законско решение.

„Да ја потсетам јавноста, го покачија ДДВ-то на над 2.000 прехранбени производи од 5 на 10 отсто и ни делеа нутриционистички совети дека голем дел од таа прехрана не била здрава, па затоа се покачува данокот. Апсолутно нема врска со вистината дека потрошувачката кошничка се намалила само за 57 денари. Да ги слушаа синдикатите и да имаа посериозна комуникација со нив, ќе знаеја дека тоа не е вистина, бидејќи цената за храната за 30 дена се намали за 965 денари. Манипулацијата со цената на минималната синдикална кошничка ја прави Венко Филипче, искористувајќи го покачувањето на цената на облеката, која што воопшто не е во иста коресподенција за она што нам ни е укажано“, изјави Стојаноски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ со законското решение продолжува со дневно политичко препукување со економски теми од истите луѓе кои што ја донесоа Македонија во ваква девастирана економска состојба. Ваквите законско решенија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, не придонесуваат за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, туку за креирање на дневно политички теми, преку законски решенија полни со технички грешки, кои што потоа се поправаат на наредните прес-конференции, проследени со извинување.

ВМРО-ДПМНЕ порача до Венко Филипче со неговата пратеничка група, денес да почнат да го разгледаат буџетот кој што треба да влезе во собраниска процедура и да ја закажат собраниската расправа, да не бегаат од собраниска расправа. Да ги видат ставките за покачувањето на пензиите, за покачувањето на платите, за капитални инвестиции. Да дадат амандмани кои што ќе бидат сериозни и кои што ќе може да се поддржат. На тој начин најдобро може да придонесат за подигнување на стандардот на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ