понеделник, 14 октомври 2024

СДСМ: Мицкоски ги утна сите можни прогнози за кризата и енергетиката

Објавено на

часот

Сподели

„Мицкоски со неговите црни сценарија предвидуваше и дека енергетскиот систем ќе колабира, дека цели градови ќе се соочуваат со рестрикции во зимата. Наспроти ваквите тврдења на Мицкоски, денес енергетскиот систем на државата работи со сите капацитети какко никогаш претходно во последните 70 години, а домашното производство на струја е сериозно зголемено. Ја плашаше Мицкоски јавноста и дека ќе нема доволно гас за грејната сезона, бараше да се купува гас за цела зима во време кога овој енергенс беше со највисока цена. Цената на гасот драстично падна, а државата ако го послушаше Мицкоски ќе беше над 100 милиони евра во зијан. Ете толку се познавањата на најнеуспешниот советник за енергетика и директор на некогашен ЕЛЕМ, денес ЕСМ. Мицкоски под заложништво на Апасиев и Левица, ќе остане запаметен по пласирањето лажни вести, црни сценарија и катастрофални промашувања“, велат од СДСМ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ