среда, 16 октомври 2024

СДСМ: Гордата Гордана се согласи на средба со Радев без македонско знаме

Македонската делегација на чело со Гордана Сиљановска Давкова, вчера во Софија доживеа дипломатски дебакл, а нашата држава досега невидено понижување и срам на меѓународна политичка сцена. Гордата Гордана и придружните министри во Софија беа пречекани како претставници на некои локални бугарски клубови или општински институции, а не како меѓународни високи претставници на држава членка на НАТО и важен партнер на Бугарија, изјави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Гордата Гордана се согласила на средба без да се истакне македонското знаме, избра да праќа соопштенија до јавноста без користење на државното уставно име, се согласила на средба без заеднички изјави за медиумите. Ова е огромен срам.
Сиљановска оттаму се враќа без никаква конкретна порака или договор. Прашањето е зошто ја плаќаат граѓаните Гордана, за да гледа опери и ужива? Малку ли ѝ беа три месеци на одмор во Охрид летово во вилата?
Ја прашуваме гордата Гордана и нејзиниот шеф Мицкоски, која држава ја претставуваа во Бугарија и со кои симболи?
Каде се изгуби државното име и во него Македонија – за чие меѓународно признавање се бореа генерации?
Каде се изгуби ветената и неостварена гордост? Дали сликањето до бугарското знаме значи дека ја претставува Бугарија?
Владата на Мицкоски и Сиљановска не се ни свесни за тоа во која мера се изиграни и понижени. Нив воопшто и не ги третираат како државници. Самата Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ се согласиле однапред на приватен и понижувачки третман во Софија.
Импровизација и наивност е надворешната политика на ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска. Со вакви политики, Македонија ниту е горда, Гордана уште помалку е горда, а граѓаните и државата ќе трпат понижувања секој ден“, рече Кузеска.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ