недела, 16 февруари 2025

СДСМ ги повика антикпорурпционерите зашто „Муцунски призна дека случајот парцели во Лисиче е за згради“

Објавено на

часот

Сподели

Партијата наведува дека градоначалникот ветувал зеленило, паркови и бришење на маркици, но дека сега впишува маркици за згради и бетонизација, како што е случајот „Парцели во Лисиче“.

„Денеска градоначалникот на Аеродром призна дека всушност станува збор за парцели и измени на ДУП за нови згради во Лисиче, иако пред неколку дена тврдеше дека ќе бидат само куќи. Оттука, ја разбираме манифестираната нервоза од страна на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ за случајот парцели во Лисиче.Но, нервозата на градоначалникот не е тема којашто ја интересира јавноста ниту граѓаните.

Оправдувањата дека процесот е започнат во 2019 година воопшто не држат, денеска сме 2023 година, Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ го имаат мнозинството во Советот и прашањето што прави актуелната локална власт? Затоа, Државната комисија за спречување на корупцијата мора да го истражи овој случај до крај“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски претходно изјави дека градоначалникот Муцунски воведува бетонизација и како што нагласи, последен пример е Деталниот урбанистички план за Лисиче од страна на Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ со кој во реон на семејни куќи предвидува изградба на висококатници.

„Но освен предвидените згради, овој ДУП е спорен и со фактот што парцелите каде се предвидени маркичките за градба се претходно купени од страна на градежни инвеститори, што отвора сомнеж дека тие можеби знаеле каде ќе се градат згради па затоа купиле парцели од над илјада метри квадратни. Затоа, Државната комисија за спречување на корупцијата мора да го истражи овој случај до крај. Тимчо Муцунски освен што ја бетонизира општината, сака со пет милиони евра општинска обврзница да ги задолжи граѓаните на Аеродром.

Предупредивме и претходно, предупредуваме и денеска дека со ваков начин на задолжување, лесно може обврзницата да биде купена од големиот бизнис и од големи градежни компании кои потоа ќе влијаат врз работата на градоначалникот и општината, особено во делот на креирање и носење на урбанистички планови“, рече Каевски.

Од СДСМ велат дека градоначалник Муцуснки за 1,5 година нема ништо направено во Аеродром, дека нема реализирано ниту еден проект и дека ја иневерил довербата на граѓаните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ