четврток, 10 октомври 2024

СДСМ: Дали Владата ќе вработи и координатор за координирање на координаторите?

„Додека министерот за внатрешни работи најавува битка за заштита на државниот буџет од злоупотреби, Владата секој ден со свои одлуки именува некакви национални коордонатори за решавање на различни прашања. Тоа не е ништо друго освен легализирана кражба на буџетот преку доделување месечна апанажа на неопределен рок во висина од над 100.000 денари на заслужни партиски активисти на ДПМНЕ како што се Влатко Ѓорчев, Затуровска, Павле Трајанов, Ивица Боцевски и други“, реагира СДСМ по информацијата за вработувањето на Влатко Ѓорчев.

Објавено на

часот

Сподели

„Сега за секоја надлежност на Владата имаме по еден министер, заменик министер, државен секретар, советник на премиерот и национален координатор. Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?
Со одлуки на Владата на овој начин се празни и ограбува буџетот за задоволување на апетите и плаќање на оние кои партиски му помагале на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека министерката за финансии Кочовска вели дека навечер оди по канцелариите во министерството да гаси светла за да не се троши струја, таа дава согласност за да се вработуваат партиски кадри.

СДСМ препорачува Кочовска да не се мачи со гасење светла и штедење на кафе во министерството. Доволно е Влатко Ѓорчев да не е вработен на државен трошок кој годишно ја чини државата околу 2 милиони денари. Лицемерието на ДПМНЕ не познава граници“, се вели во соопштението на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ