вторник, 25 март 2025

СДСМ: Благодарение на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ се сликаат во НАТО и глумат партнери на САД

Од СДСМ возвраќаат со реакција на реторичките прашања од ВМРО-ДПМНЕ, дали во опозициската партија го менуваат прозападниот курс. Прашањата со „зачуденост“ на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат по критичките изјави на Сашо Орданоски, кого го нарекуваат „сива еминенција на СДС“, за претседателот и потпретседателот на САД, Доналд Трамп и Џеј Ди Венс.

Објавено на

часот

Сподели

„ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на идеи и резултати во политиката започна со комични соопштенија да манипулира и извлекува смешни тези.

Поврзувањето на изјавите на новинарот Ордановски со политиките на СДСМ во однос на прозападниот курс на државата се очаен обид да ги скријат сопствените неуспеси. Ова е уште една потврда дека освен манипулации, друга политика немаат да понудат.

СДСМ е единствена партија која во континуитет ги негува прозападните вредности, која го изгради стратешкото партнерство со САД и ги реализираше евроинтегративните аспирации на земјата.

Благодарение на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски може да одат и да се сликаат во НАТО и да глумат партнери на САД, а во опозиција направија сè за да ги блокираат овие процеси.

Им порачуваме да се фатат за работа и да покажат конкретни резултати, затоа што граѓаните од нив очекуваат работа“, се вели во реакцијата на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ