„Кралството ја повторува својата осуда и категоричното отфрлање на геноцидот што Израел го врши врз братскиот палестински народ“, изјави престолонаследникот Мохамед бин Салман, де факто владетел на Саудиска Арабија.
Тој ја повика меѓународната заедница да не дозволи Израел да го нападне Иран и да го почитува иранскиот суверенитет.
Престолонаследникот во септември изјави дека кралството нема да го признае Израел доколку не се создаде палестинска држава.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се обиде да посредува во договор за нормализација меѓу Саудиска Арабија и Израел, кој ќе вклучи и американски безбедносни гаранции за кралството заедно со другите билатерални договори меѓу Вашингтон и Ријад.
Тие напори за нормализирање на односите заглавија по нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година од страна на милитантите на Хамас од Газа и израелската одмазда што следуваше.