Мохамед Салах ова лето често се поврзуваше со преселба во Саудиска Арабија, оваа недела повторно се јавија гласините, наводно Ал Итихад не е задоволен од реномето на Жота, па ќе се разделат со Португалецот по само еден месец и ќе се обидат да го донесат Египјанецот на негово место.
Новинарот Руди Галети доцна синоќа објави дека е испратена огромна понуда вредна над 100 милиони долари, нешто над 92 милиони евра, со намера да се убедат Јирген Клоп и Ливерпул да дадат зелено светло за продажба.
Доколку „црвените“ го прифатат предлогот, тоа ќе биде најскапиот трансфер во Саудиска Арабија.