петок, 6 декември 2024

Сателитски снимки откриле кинеска воена база во која се гради реактор за воен брод

Кина направила копнен прототип на нуклеарен реактор за голем воен брод, се тврди по анализа на сателитски снимки и документи на кинеската влада, што е најсилен показател досега дека Пекинг напредува кон изградба на првиот носач на авиони на нуклеарен погон.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иако веќе има најголема воена морнарица во светот според бројот на пловилата, Кина забрзано ја модернизира својата флота, а додавањето носач на авиони на нуклеарен погон би бил клучен чекор во остварувањето на амбицијата за глобална поморска сила која би можела да им конкурира на Соединетите Американски Држави. „Носачите на авиони на нуклеарен погон би ја вклучиле Кина во ексклузивниот круг на водечки поморски сили, каде во моментов припаѓаат само САД и Франција“, кажа Тонг Жао, виш истражувач на Карнеги фондацијата за меѓународен мир.

Ова откритие доаѓа од истражувањата на Мидлсбери институтот за меѓународни стуфии од Калифорнија, каде ги проучувале планините кај градот Лешан во југозападна Кина. Иако на почетокот се сомневале дека Кина гради реактор за производство на плутониум или тритиум за оружје, заклучиле дека Пекинг е фокусиран на прототип на реактор за голем воен брод.

Документите сугерираат дека реакторот наскоро ќе биде целосно оперативен, а се наоѓа во нова установа наречена База 909, која вклучува шест други реактори во различни фази – од активни и во изградба до оние во фаза на декомисија, пишува Еуроњуз.

Овој проект го контролира Институтот за енергија на Кина, подружница на Кинеската национална нуклеарна корпорација која ги спроведува истражувањата и тестирањата на реакторите. „Проектот на развој на нуклеарна енергија речиси сигурно значи развој на носач на авиони на нуклеарен погон“, напишале истражувачите во извештајот од 19 страници.

Морнарицата на кинеската Народноослободителна војска е најголема во светот со повеќе од 370 бродови и подморници, но во некои аспекти сè уште заостанува зад морнарицата на САД, која има единаесет нуклеарни носачи на авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ