четврток, 22 февруари 2024

Сандерс: Даночните обврзници на САД не смее да бидат соучесници во уништувањето на невините животи во Газа

Влијателниот американски сенатор Берни Сандерс го повтори својот повик до Конгресот да ја блокира предложената воена помош од повеќе милијарди долари за Израел и ја осуди воената кампања на Израел во Појасот Газа како „незаконска, неморална, брутална и крајно непропорционална војна на Нетанјаху против палестинскиот народ“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сандерс, прогресивен еврејски пратеник од сојузната држава Вермонт, во објава на платформата Икс (Твитер) рече дека војната во Појасот Газа била предизвикана од „варварскиот напад“ на Хамас, но оцени дека одговорот на Израел бил „грубо непропорционален, неморален и во спротивност со меѓународното право“.

„Доста беше. Даночните обврзници на САД повеќе не смее да бидат соучесници во уништувањето на животите на невините мажи, жени и деца во Газа“, рече Сандерс, пренесе Тајмс оф Израел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ