петок, 17 јануари 2025

Само реми за Манчестер Сити од гостувањето кај Кристал Палас (ВИДЕО)

Манчестер Сити загуби уште два бода во Премиерлигата откако одигра 2-2 на гостувањето кај Кристал Палас, Брентфорд со 4-2 го совлада Њукасл, а Астон Вила со минимални 1-0 беше подобра од Саутемптон.

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Пеп Гвардиола губи бодови, овојпат може и да биде среќен што не ги загуби сите три бидејќи Кристал Палас двапати водеше.

Домаќините поведоа со гол на Муњоз уште во четвртата минута, Халанд изедначи во 30. минута.

Лакроикс во 57. минута го врати водството за Кристал Палас, десет минути подоцна Луис изедначи на 2-2 што беше и конечен резултат.

Луис во 84. минута доби втор жолт картон, но Кристал Палас не ја искористи предноста од фудбалер повеќе.

Брентфорд со 4-2 го совлада Њукасл, а Астон Вила со 1-0 беше подобра од Саутемптон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ