среда, 11 декември 2024

САД ѝ дадоа на Украина 20 милијарди долари – првите пари од замрзнатите руски средства

Американското Министерство за финансии вчера објави исплата на 20 милијарди долари за Украина, како дел од иницијативата на Г7 за вонредно забрзување приходи (ЕРА) од 50 милијарди долари.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Овие пари од замрзнатите средства на Русија ќе ѝ обезбедат на Украина значителна инфузија на поддршка додека ја брани својата земја од неиспровоцираната агресорска војна“, истакна министерката за финансии Џенет Јелен.

Според неа, 50-те милијарди долари што заеднички ги обезбеди Г7 преку оваа иницијатива ќе ѝ помогнат на Украина да ги обезбеди ресурсите потребни за отпор.

Јелен изјави дека оваа акција, заедно со американската безбедносна помош за Украина и последователните чекори за заострување на санкциите против Русија, дополнително ќе ја позиционира Украина да го брани својот суверенитет и да „постигне праведен мир“.

„Во моментов, (рускиот претседател Владимир) Путин смета дека ќе се измориме и на крај ќе се повлечеме. Но преку креирање политики и единство на Г7, ние испраќаме непогрешлива порака на решителност со тоа што Русија сè повеќе ќе ги сноси трошоците за својата нелегална војна, наместо даночните обврзници во нашата коалиција“, истакна американската министерка за финансии.

Според соопштението објавено на веб-страницата на американското Министерство за финансии, по бруталната инвазија на Украина од страна на Русија, членките на Г7 презеле храбри активности за замрзнување на руските суверени средства во нивните јурисдикции и ветиле дека овие средства ќе останат замрзнати додека Русија не ја прекине својата агресија и не ја плати штетата што ѝ ја нанесе на Украина.

„Денеска Соединетите Американски Држави ја исполнија својата обврска да ѝ обезбедат на Украина 20 милијарди долари во рамките на оваа иницијатива, со префрлање на овие средства на Фондот на Светска банка за финансирање ресурси за инвестиции во зајакнувањето на украинскиот финансиски посреднички фонд (ФОРТИС Украина ФИФ), преку кој ќе ѝ биде ставен на располагање на Украина“, се нагласува во соопштението.

Се напоменува дека преку иницијативата ЕРА, Групата 7 ги повлекла неочекуваните приходи од имобилизираните руски суверени средства, користејќи ги тие приходи за поддршка на Украина.

Се нагласува дека поддршката за Украина е исто така од „витално значење за националниот интерес на Соединетите Американски Држави“.

„Чинот да се ​​дозволи Украина да падне ќе предизвика натамошна агресија од Путин и ќе ја загрози безбедноста на нашите НАТО-сојузници во Европа, кои сме договорно обврзани да ги браниме. Успешната Украина ќе ја покаже решеноста на Соединетите Држави и нашите партнери да ја бранат демократијата од агресија, да ја заштитат глобалната економија и да ја зајакнат нашата колективна безбедност“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Во јуни, лидерите на Г7 се согласија да му дадат на Киев заем од 50 милијарди долари, делумно финансиран од каматата од замрзнатите руски средства запленети по инвазијата во февруари 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ