недела, 13 октомври 2024

САД се согласуваат со Русија дека нуклеарната војна е неприфатлива

Објавено на

часот

Сподели

„Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, неодамна изјави дека не смее да се води нуклеарна војна и дека во неа нема победници. Искрено, се согласуваме со него“, им рече Кирби на новинарите.

Тој изјави дека Вашингтон не гледа знаци дека Москва има намера да употреби нуклеарно оружје во, како што Русија ја накерува, „специјалната воена операција“ во Украина.

„Дефинитивно не видовме никакви индикации дека господинот Путин има намера да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина или, искрено, на кое било друго место“, рече Кирби.

Претставникот на Белата куќа зборуваше и за новиот пакет воена помош за Украина, кој ќе биде објавен оваа недела.

Кирби не соопшти детали за содржината на новиот пакет оружје наменет за Киев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ