вторник, 8 октомври 2024

САД: Пукање на автопат во Кентаки, се бара маж кој наводно ранил седум лица

Полицијата во американската сојузна држава Кентаки пребарувала нерамен терен во близина на националната шума по осомничен, откако најмалку седум лица биле ранети во престрелка додека возеле по рурален дел од меѓудржавниот автопат, изјавија официјални лица во саботата вечерта, пренесува Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Инцидентот започнал нешто пред 18 часот по локално време во саботата, околу четиринаесет километри надвор од градот Лондон, кога полицајците одговориле на извештаите за истрели во возилата што се движеле на автопатот 75 во округот Лорел.

Истрелите дошле од шумска област или од надвозник, пренесуваат локалните медиуми.

Градоначалникот Рандал Ведл од Лондон, мал град со околу 8.000 жители во близина на националната шума Даниел Бун, на околу 145 километри јужно од Лексингтон, во објава на Фејсбук рече дека седум лица се повредени, вклучително и некои кои биле застрелани.

Тој изјави дека нема познати смртни случаи. Полицијата не соопштува повеќе детали за бројот или природата на жртвите.

Ведл ги замоли сите во околината „да ги држат своите врати заклучени додека овој човек е на слобода“.

Престрелката се случува неколку дена откако двајца ученици и двајца наставници беа убиени, девет други ранети во средно училиште во Виндер, Џорџија.

Дел од автопатот во близина на пукањето во Кентаки беше затворен, но подоцна беше повторно отворен, иако осомничениот е сè уште во бегство.

Околу три часа по пукањето, канцеларијата на шерифот на округот Лорел именуваше „лице од интерес“ за кое рече дека е „вооружено и опасно“ и ја предупреди јавноста да не му приоѓа на 32-годишниот маж.

„Осомничениот не е приведен во овој момент и ги повикуваме луѓето да останат внатре“, напиша на Фејсбук полицаецот на државната полиција во Кентаки, Скоти Пенингтон.

Агенти од Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви се повикани да и помогнат на државната полиција и локалните органи за спроведување на законот, објави федералната агенција на социјалната мрежа Икс, нарекувајќи го „критичен инцидент“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ