среда, 11 декември 2024

САД ќе ѝ позајмат на Украина 20 милијарди долари пред заминувањето на Бајден

Соединетите Американски Држави соопштија дека ѝ позајмуваат на Украина 20 милијарди долари, добиени од каматите на замрзнатиот руски имот на Западот, што е дел од пакетот за поддршка на Г7 од 50 милијарди долари договорен летоска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Администрацијата на претседателот Џо Бајден вети дека ќе го испрати заемот пред крајот на годината поради загриженоста дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп нема да ја продолжи американската поддршка на Киев.

Трамп, кој стапува на должност на 20 јануари, повеќе пати го критикуваше количеството американска помош за Украина, но кажа и дека ќе ја поддржи програмата за заемот.

Украина е целосно зависна од американската и европската воена и финансиска помош. Пакетот американска помош за Украина вреден 61 милијарда долари беше усвоен во април, петти од почетокот на конфликтот во февруари 2022, но веројатно ќе истече на почетокот на следната година.

Тоа значи дека заемот на Г7 од 50 милијарди долари е клучен за да се обезбеди дека Украина има доволно средства и оружје за војската до првата половина на 2025 ако Трамп ја прекине понатамошната поддршка.

„Овие средства, платени со приходите заработени од руските имобилизирани средства, ќе ѝ пружат на Украина критична инфузија на поддршка додека ја брани својата земја од агресорската војна“, наведе во соопштение министерката за финансии на САД Џенет Јелен.

Најавата на заемот следеше по повеќемесечните преговори на САД и сојузниците, вклучувајќи ја Европската Унија, за најдобриот начин замрзнатиот руски имот, вреден стотици милијарди долари, да се користи за помош на Украина без кршење на меѓународното право.

Министерството за финансии на САД соопшти дека Вашингтон префрлил 20 милијарди долари во фондот на Светската банка која тие пари ќе ѝ ги направи достапни на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ