Американците водеа речиси во текот на целиот меч, но Франција се бореше максимално, не се откажуваше до самиот крај. Домаќините во финишот дојдоа на само три негатива, но кога беше најпотребно, кошаркарите на САД додадоа гас и се одлепија за триумф со двоцифрена разлика.
Убиствени за Французите беа тројките на Стеф Кари, погоди дури осум од 13 обиди, беше најефикасен кај Американците со 24 поени, Букер и Дурент постигнаа по 15 поени, Леброн даде 14.
Најефикасен кај Франција и воопшто на натпреварот беше Вембањама со 26 поени, Јабуселе реализираше 20.
Наградата за МВП на кошаркарскиот турнир ја доби Леброн Џејмс.