Претседателот на Србија Александар Вучиќ го објави на Инстаграм документот за одложувањето и наведе дека „добиле 30 дополнителни дена за Нафтената индустрија на Србија“. Како што наведе, ова е „една добра вест за граѓаните на Србија“, Вучиќ во постот го приложи документот на американското министерство за финансии во кој се објавува одлуката.
Санкциите за НИС требаше да стапат на сила утрово во 6 часот. Србија побара одложување на санкциите на најмалку 90 дена.