Функционерите кажале дека припадниците на војската ќе бидат задолжени за податоците за влегувањата и други административни задачи, за царинската и пограничната служба да можат да се фокусираат на работата на терен.
Војниците нема да се бават со спроведување на законите и ќе останат на границата околу 90 дена, иако нивното присуство може да биде продолжено по потреба.
Сè уште не е познато каде ќе бидат распоредени, пренесува Војс оф Америка.
Рестрикциите воведени поради пандемијата на ковид-19 им овозможија на американските власти од јужната граница да вратат десетици илјади луѓе, но ќе бидат укинати на 11 мај, поради што пограничните власти се спремаат за очекуван прилив на мигранти.