вторник, 15 октомври 2024
На 8 април се одбележува Денот на Ромите

Сабота ќе биде неработен ден за припадниците на ромската заедница

Објавено на

часот

Сподели

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.

По повод 8 април денеска беше одржана конференцијата „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“.

На конференцијата говореа евроамбасадорот Дејвид Гир, претседателот Стево Пендаровски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за здравство Фатмир Меџити, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. 

Свое обраќање денеска, во Собранието, имаше и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Несомнено дека почитувањето на човековите права, еднаквоста, демократијата, владеењето на правото и функционалната пазарна економија за сите граѓани се неопходните предуслови за постигнување на таа цел. Но, и да не е целта во прашање, како одговорни политичари, и како граѓани, свесни сме дека подобрувањето на квалитетот на животот и посветеноста за изградба на еднакво и кохезивно општество кое што ќе се темели на взаемна доверба, соработка и во кое нашите граѓани и сите заедници ќе се чувствуваат безбедни и ќе имаат еднакви можности за личен развој е единствениот пат кој што ќе го следиме и за кој што веруваме дека ќе вроди со најпозитивните резултати“, рече меѓу другото Џафери.

По повод празникот денеска во Собранието обраќање имаше и пратеничката Љатифе Шиковска.

„Ромите остануваат најзагрозена и економски најранлива заедница. И годинава, како и претходните години, на тоа нѐ потсетуваат меѓународните организации меѓу кои и Европската комисија.  Има декларативни и афирмативни заложби за поголема видливост на Ромите на сите нивоа, но реално многу сме далеку од иста стартна основа со останатите заедници во нашето општество, истакна пратеничката Шиковска.

Меѓународен ден на Ромите – ден на прослава на ромската култура и подигање на свеста за проблемите со кои се соочуваат Ромите. Денот службено бил прогласен во 1990 година во Сероцк, Полска, местото каде што се одржал четвртиот Светски ромски конгрес на Меѓународната ромска унија во спомен на првата поголема меѓународна средба на ромските претставници која била одржана во Чесфилд крај Лондон, Обединетото Кралство од во април 1971 година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ