среда, 11 декември 2024

Сѐ повеќе земји денеска ги затвораат своите амбасади во Киев

Шпанската амбасада во Киев објави дека „нема да дава услуги во текот на денот поради зголемениот ризик од воздушни напади низ Украина“, пренесува Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По Соединетите Американски Држави, и Шпанија на еден ден ја затвори амбасадата во Киев.

Во мејл испратен до шпанските граѓани во Украина, шпанската амбасада во Киев соопшти дека „поради зголемениот ризик од воздушни напади низ Украина, тие нема да даваат услуги во текот на денот и барањата може да се поднесуваат преку е-пошта“.

Амбасадата, исто така, ги советуваше шпанските граѓани во Киев да „преземат екстремни безбедносни мерки, да ги следат сите препораки на локалните власти и во секое време да имаат засолниште на располагање“.

И италијанската и грчката амбасада во Киев привремено ја прекинуваат работата поради разузнавачки информации што укажуваат на голем руски напад.

„Американската амбасада на својата веб-страница објави информации за можен воздушен напад со висок интензитет денеска, 20 ноември. Како мерка на претпазливост, Амбасадата во Киев денеска ќе биде затворена за посетители“, соопштија од италијанската амбасада.

Грчката амбасада во своето соопштение ја повика јавноста да избегнува непотребни патувања и да остане на безбедни локации. „Од безбедносни причини, грчката амбасада денеска ќе остане затворена за посетители“, соопшти дипломатската мисија.

Конзуларното одделение на американскиот Стејт департмент претходно денеска објави дека американската амбасада во Киев ќе биде затворена во среда, на 20 ноември, по извештаите за потенцијален голем воздушен напад.

„Амбасадата ќе биде затворена како мерка на претпазливост, а на вработените во амбасадата им се препорачува да се евакуираат на безбедно место“, велат тие.

Амбасадата, исто така, ги советуваше американските граѓани во областа да бидат подготвени за итна евакуација во случај на воздушна тревога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ