вторник, 10 декември 2024

Руте: Ставот на НАТО е дека на Украина треба да ѝ се испорачува оружје без ограничувања

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте кажа денес дека ставот на западниот воен пакт е дека е „најдобро да не се поставуваат ограничувања“ на испораката на оружените системи на Украина и додаде дека секоја поединечна држава членка носи одлука дали ќе дозволи користење на своето оружје со долг дострел за напади на цели во Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Секогаш сметав дека е мудро да не се зборува премногу за тоа што го правиме. Јасно е дека НАТО претходно порача, кога сојузниците ѝ испраќаат оружени системи на Украина, најдобро е да не поставуваат ограничувања. Тоа е општ став, но сојузниците поединечно решаваат што ќе прават“, им кажа Руте на новинарите пред состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи, посветен на одбраната, одговарајќи на прашањето дали западното оружје со долг дострел би требало да биде користено за напади на цели во Русија.

Тој истакна дека денес се одбележуваат 1.000 дена конфликт во Украина и додаде дека за време на состанокот ќе се разговара за тоа како може да му се помогне на Киев да победи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ