среда, 9 октомври 2024

Руските сили освоија уште еден град на истокот на Украина, голем удар за Киев (ВИДЕО)

Оружените сили на Украина добиле наредба да го напуштат градот Угледар, пишуваат украинските медиуми, повикувајќи се на командата.

Принтскрин: Икс

Објавено на

часот

Сподели

Како што се наведува, украинската оперативна команда соопштила дека нападите на оружените сили на Русија „ја исцрпеле одбраната“, па затоа украинските единици се повлечени од градот-тврдина.

Претходно руските воени сили потврдија дека градот Угледар е речиси целосно исчистен од украински војници, пренесоа руските медиуми.

Изворот открива и дека Киев претрпел „огромни загуби“ поради тоа што одбивал од градот да ги повлече преостанатите сили.

Угледар се наоѓа во самопрогласената Доњецка Народна Република, на истокот на Украина. тој е стратегиски важен поради својата надморска височина. Одбраната на Украина југозападно од Доњецк зависи токму од овој град.

Борбите околу него се водат веќе подолго време, а руската војска успеа во последните недели да го опколи градот и да влезе во него.

Медиумите пренесуваат дека во последните денови голем број Украинци ѝ се предале на руската војска. Поради лошата состојба на украинската војска сменет е командантот на 72-та бригада задолжен за Угледар и тоа на врвот на руската офанзива на тој град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ