вторник, 15 октомври 2024

Руските сили напредуваат кон Покровск, четворица загинати претходната ноќ

Во руските напади врз Украина во текот на претходната ноќ четири лица загинаа, исто толку се ранети, додека руските сили напредуваат кон Покровск, соопштија денеска локалните власти.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот напад на северниот град Суми загинаа двајца цивили, четворица беа ранети, меѓу кои и две деца, објави регионалниот гувернер.

Додека во регионот на Харков, две постари жени биле убиени во ракетирањето во текот на ноќта, според локалниот гувернер Олех Синегубов.

Украинската противвоздушна одбрана собори една од четирите крстосувачки ракети и 15 од 23 беспилотни летала „шахед“ од иранско производство, лансирани од Русија во текот на ноќта, соопшти украинското воздухопловство. Се додава дека ниту една од крстосувачките ракети не ги погодила целите.

На истокот од Украина руските сили продолжија со напредувањето кон градот Покровск, нападите беа засилени и во близина на градот Курахов, кој е малку појужно, соопшти украинскиот Генералштаб.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните војници го зазеле Новохродивка, мало гратче кое се наоѓа на околу 19 километри југоисточно од Покровск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ