вторник, 15 октомври 2024

Руските екипи би можеле да се вратат во натпреварувањата на УЕФА

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Русија, Александер Дјуков потврди дека водат преговори со УЕФА за враќање на руските клубови во натпреварувањата.

Објавено на

часот

Сподели

Од 2022 година поради конфликтот со Украина, руските клубови се исклучени од натпреварувањата на УЕФА, но тоа наскоро може да се промени.

„Европската сезона ќе продолжи оваа есен, а во моментов имаме состаноци на кои може да се донесат одлуки за враќање на нашата земја во европските фудбалски натпреварувања. Сметам дека тоа ќе се случи порано или подоцна зашто се менуваат ставовите на другите федерации“, кажа Дјуков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ