Ѕвоната во образовните институции ќе бидат заменети како дел од кампањата на руското Министерство за образование наречена „Мелодии наместо ѕвона“. Одлуката за вклучување на песните е донесена по повод 23 февруари, кога во Русија се слави Денот на бранителот на татковината. На почетокот и на крајот на наставата учениците ќе слушнат песни како „Офицери“, „Знамето на мојата земја“, „За тебе, татковино“ и неколку други.
Како што пренесува инфо24, министерството додава дека во училиштата се одржуваат часови посветени на војната во Украина, односно специјалната воена операција (СВО), како што ја нарекуваат Русите. Некои примери се лекциите „Хероите на СВО: Нè бранат нас и татковината“ и „Хероите на СВО: Кои се тие?“
Во ноември минатата година во образовните институции на Руската Федерација започна проектот „Мелодии наместо ѕвона“, пренесува инфо24. Во текот на тој месец, учениците слушаа фрагменти од песни од композиторката Александра Пахмутова, во декември музика од балетот Оревокршачка од Пјотр Чајковски, а во јануари песни од Меѓународниот детски центар Артек.
Во август беше објавено дека од учебната 2024/2025 г. руските ученици ќе почнат да учат биографии на руски херои, вклучувајќи ги и учесниците, како што пренесува инфо24, на СВО (специјалната воена операција). Меѓу нив се, на пример, Владимир Жога, Арсен „Моторола“ Павлов, Олга Качура и Дарија Дугина.