Алексеј Зимин наводно е пронајден мртов во хотелска соба додека бил на пат во Белград. Причината за смртта е непозната.
Зимин беше сопственик на Зима, руски ресторан во Сохо, откако првично ја напушти својата татковина по анексијата на Крим од страна на Владимир Путин.
Тој не стапнал во Русија откако неговото телевизиско гастрономско шоу на каналот НТВ беше ненадејно откажано во 2022 година, кога ја критикуваше инвазијата на Кремљ врз Украина.
Зимин беше главен уредник на руското издание на Џи-кју, како и на Афиша Мир и Гурмет. Деталите за неговата смрт во Србија се штури.
Во соопштението во средата од неговото списание Зима се вели: „Почина Алексеј Зимин, главниот проект-уредник и главен готвач во ресторанот Зима“.
Се додава: „За нас, Алексеј не беше само колега, тој ни беше пријател, блиска личност со која имавме среќа да поминеме низ многу моменти – и добри, пријатни и тажни. Ви благодариме на сите за зборовите што ги добивме денес за Алексеј. Болката е заедничка. Целиот тим на Зима изразува сочувство до семејството на Алексеј и жали заедно со нив“.
Зимин претходно имаше неколку емисии за готвење во Русија, кои се емитуваа 11 години пред да бидат прекинати поради неговите критики за војната на Путин, вели лондонскиот медиум.