понеделник, 17 март 2025

Руски дрон ја погоди нуклеарната централа во Чернобил, нивото на радијација е нормално (ВИДЕО)

Напад со руско беспилотно летало предизвика значителна штета на засолништето за радијација на нуклеарната централа Чернобил во текот на ноќта, изјави во вторникот украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Ројтерс.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Чернобил е местото на најголемата цивилна нуклеарна катастрофа во светот, кога еден од четирите реактори експлодираше во 1986 година. Тој реактор сега е покриен со заштитно засолниште, познато како саркофаг, за да се спречи ширењето на преостанатата радијација.

Руски дрон го погоди засолништето на уништениот реактор во електраната, предизвикувајќи пожар, кој во меѓувреме е изгаснат, рече Зеленски.

„Во моментов нивото на радијација не е зголемено и постојано се следи“, додаде тој, нагласувајќи дека првичната проценка покажала значителна штета.

„Единствената земја во светот што ги напаѓа таквите објекти, ги окупира нуклеарните централи и води војна без никакво внимание на последиците е денешна Русија“, рече Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ