„Ја минавме границата“, објави на Телеграм единицата наречена Легија на слободата на Русија.
Според информациите, припадниците на таа единица уништиле оклопно возило во село во областа Курск.
Гувернерот на тој руски регион потврди дека е во тек напад.
Тој рекол дека едно лице е полесно повредено, но негирал дека имало „пробив“ на напаѓачите.