среда, 9 октомври 2024

Руски авион прелета многу блиску до американски авион кај Алјаска (ВИДЕО)

Американските воени претставници објавија ново видео од интеракција меѓу руски и американски авион во близина на Алјаска на 23 септември.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

На видеото објавено во понеделникот се гледа како руски борбен авион су-35 се приближува до американски Ф-16 и минува на само неколку метри од него.

Во последните неколку недели, руски авиони постојано влегуваа во идентификациската зона на воздушната одбрана на Алјаска, веднаш до суверениот воздушен простор на САД.

На пример, осум руски воени авиони и четири брода, вклучително и две подморници, неодамна се приближија до Алјаска додека Русија и Кина спроведуваа заеднички вежби – но не влегоа во американскиот простор.

Настанот предизвика критики од американските воени претставници, како и од републиканскиот американски сенатор од Алјаска, Ден Саливан.

„Постапката на еден руски су-35 беше небезбедна, беше непрофесионална и ги доведе сите во ризик – ова не е тоа што би го виделе во професионалните воени сили“, рече генералот Грегори Гиљо, командант на Северноамериканската команда на воздушната одбрана (НОРАД) и Северната команда на САД.

Републиканскиот сенатор Саливан рече дека овој потег на Русија е уште еден аргумент за зајакнување на американското воено присуство на Алјаска и на Арктикот.

Асошиејтед прес побарал коментар од руската амбасада, но немало одговор.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ