среда, 9 октомври 2024

Руската војска уништи 54 украински беспилотни летала

Руската војска синоќа уништи 54 украински беспилотни летала, а локалните власти соопштија дека во нападите се ранети најмалку четири лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Половина од уништените беспилотни летала биле над територијата на Курск, место на големата украинска офанзива од почетокот на август.

Во текот на ноќта „системите за противвоздушна одбрана уништија 54 украински беспилотни летала“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Според руската војска, 27 беспилотни летала биле уништени над областа Курск, на границата со Украина, а останатите биле соборени во руските региони Брјанск (16), Смоленск (7), Белгород (3) и Ориол (1).

Во Белгородската област четири лица се повредени и хоспитализирани по напад со дрон, напиша на Телеграм регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ