четврток, 12 декември 2024

Руска фрегата со хиперсонични проектили влезе во Атлантикот

Фрегата на руската морнарица опремена со хиперсонични крстосувачки проектили од новата генерација изведе вежби во Ла Манш и извршува задачи во Атлантскиот Океан, јавија денеска руските агенции.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Екипажот на фрегатата, опремена со хиперсонични противбродски проектили „циркон“, изведе антитерористички вежби, одбивајќи напади на фиктивни непријатели со беспилотни летала од воздух и море, пренесоа руските државни агенции.

„Фрегатата од Северната флота Адмирал Головко го заврши својот премин низ Ла Манш и во моментов продолжува да извршува мисии во одредени области на Атлантскиот океан“, според прес-службата на Северната флота, пренесе државната новинска агенција РИА.

Ова е прво долго патување на повеќенаменската фрегата откако се приклучи во состав на руската морнарица во декември 2023 година, објави државната новинска агенција ТАСС. Бродот ја напушти главната база во северна Русија на 2 ноември.

Хиперсоничните ракети „циркон“ имаат дострел од 900 километри и можат да патуваат со девет пати поголема брзина од звукот, што ја отежнува одбраната од нив. По наредба на претседателот Владимир Путин во 2023 година, Русија започна масовно опремување со ракетите „циркон“ како дел од напорите на земјата да ги зајакне своите нуклеарни сили.

Заедно со хиперсоничната ракета „авангард“, која е воведена во борбените сили во 2019 година, „циркон“ го формира централниот дел на хиперсоничниот арсенал на Русија. Русија го гледа оружјето како начин да одговори на сè пософистицираната американска ракетна одбрана за која Путин предупреди дека еден ден може да соборува руски нуклеарни проектили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ