петок, 13 декември 2024

Русите во преговори со бунтовниците да ги задржат воените бази во Сирија

Заменик-министерот за надворешни работи Михаил Богданов изјави дека преговорите за руските воени бази со организацијата Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС) се конструктивни и напредуваат, додека САД наведуваат дека работат на враќањето на своите државјани притворени во таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија воспостави директен контакт со сириската бунтовничка група Хајат Тахрир ал-Шам, пренесува Скај њуз. Според извештаите, Русија се обидува да ги задржи своите воени бази во Сирија.

Москва очекува сириската група да ги исполни своите ветувања за одржување на редот и осигурување на безбедноста на дипломатите и другите странци во Сирија.

„Базите сè уште се таму каде што беа, на сириска територија. Засега не се донесени други одлуки. Тие се таму на барање на Сиријците со цел да се борат против терористите од Исламската држава. Претпоставувам дека сите се согласуваат дека борбата против тероризмот и остатоците од Исламската држава сè уште не е завршена“, рече Богданов.

Русија има две бази во Сирија. Станува збор за поморската база во Тартус и воздушната база Хмејмим во близина на пристанишниот град Латакија. ХТС, најмоќната бунтовничка група која се појави по падот на режимот на Башар ал Асад, започна како официјален огранок на Ал Каеда во Сирија под името Фронт Нусра.

Сунитската исламистичка милитантна фракција многу западни сили ја сметаат за терористичка организација. Сепак, британската влада неодамна соопшти дека може да го отстрани ХТС од листата на забранети терористички организации.

Сето ова се случува додека Американците трагаат по сопствените граѓани кои биле киднапирани или исчезнати во Сирија. Некои, како Тревис Тимерман, беа спасени. Тој вели дека отишол на христијански аџилак и бил уапсен откако во јуни преминал планинска област во близина на источниот либански град Захле.

Тој забележува дека не бил малтретиран додека престојувал во Палестинскиот огранок, озлогласен затвор кој го води сириското разузнавање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ