четврток, 12 декември 2024

Русија во октомври загуби најмногу војници од почетокот на војната

Во октомври Русија имаше најголем број жртви од почетокот на војната во Украина, изјави началникот на британскиот Генералштаб, адмирал Тони Радакин.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Радакин за Би-би-си изјави дека во октомври руските сили во просек имале околу 1.500 мртви и ранети дневно и дека од почетокот на војната во февруари 2022 година, загинале 700.000 војници.

Русија не го објавува бројот на загинатите во војната, но западните воени претставници тврдат дека бројот на загинати во октомври бил најголем досега.

Во интервју за Би-би-си, Радакин изјави дека „рускиот народ плаќа извонредна цена за инвазијата на претседателот Владимир Путин“.

Радакин рече дека „се губат животи за мали парчиња земја“.

„Нема сомнеж дека Русија остварува тактички, територијални придобивки и тоа врши притисок врз Украина“, додаде тој.

Русија, исто така, троши повеќе од 40 отсто од јавните расходи за одбрана и безбедност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ