За време на Првата светска војна Кралството Романија испратила со вагони 91,1 метрички тони златни парички и прачки како и скапоцени камења и други културни скапоцености како разни уметнички дела во царска Русија. Во војната Романија се борела на страната на Антантата, а против Централните сили.
Златото го заплениле болшевиците откако ја презеле власта во Русија во 1917 година. Некои вредни предмети советските власти вратиле во 1935 и 1956 година, но не и златото.
Во подоцнежните години Романците се обидувале да го вратат златото, но безуспешно.
Заедничката комисија за подобрување на билатералните односи била формирана во 2003 година меѓу Русија и Романија, лија задача, меѓу другото, била и да го реши прашањето на невратеното злато.
Резолуцијата поднел романскиот пратеник Еуген Томак, со поддршка од Националната банка на Романија.
Тој на Фејсбук го поздрави „историското гласање“ и го прогласи за „прашање на националното достоинство“.
Иако речиси и не постојат шанси на Романија да ѝ биде вратено златото, Томак напомена дека е „важно да не се откажат“.
Од официјална Москва сè уште нема коментар.