„Политиката на воена неутралност на Хелсинки долго им служеше на финските национални интереси и беше важен фактор на изградба на доверба во регионот на Балтичкото Море и европскиот континент во целост“, се наведува во соопштението на руското министерство, а пренесува Ројтерс.
Се истакнува дека тоа сега е минато.
„Финска стана една од помалите членки на алијансата која ништо не одлучува, губејќи го својот посебен глас во меѓународните работи. Сигурни сме дека историјата ќе му суди на овој избрзан чекор“, додава руската дипломатија.
Во текот на денот пред амбасадата на Соединетите Американски Држави во Москва активисти одржаа бучни анти-НАТО демонстрации.
An entirely spontaneous ‘Stop Nato’ demonstration is currently taking place outside the US embassy in Moscow pic.twitter.com/krvG7P8V1t
— Francis Scarr (@francis_scarr) April 4, 2023
Како што наведува Ројтерс, држеа транспаренти со слогани како „Стоп НАТО“ и „НАТО е спонзор на нацизмот“.
Русија и Финска имаат граница долга 1.300 километри, а Москва веќе најави дека ќе ги засили воените дивизии стационирани на нејзиниот запад и северозапад.
Финска денес стана 31 членка на западниот воен пакт.