Ројтерс не успеале да стигнат до адвокатот на Дуров. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им кажа на новинарите на прес-конференција дека Русија е спремна да му ја пружи на Дуров сета потребна помош имајќи го предвид неговото руско државјанство, но кажа дека француското државјанство на Дуров ја комплицира ситуацијата.
„Обвинувањата се навистина многу сериозни“, кажа Песков. „Тие бараат ништо помалку сериозна основа со докази. Инаку ќе биде директен обид за ограничување на слободата на комуникацијата“, истакна тој. Русија претходно се обиде, но без успех, да го ограничи Телеграм и неколку пати ја казнуваше компанијата за тоа што не ја избришала, според неа, нелегалната содржина.
Песков кажа дека случајот на Дуров може да се смета за заплашување на шефот на голема компанија и фрли сомнеж на тврдењето на францускиот претседател Емануел Макрон дека немало политички мотиви во притворањето на Дуров.
Дуров има и пасош на Обединетите Арапски Емирати. ОАЕ објавија денес дека од Франција ќе бараат конзуларен пристап до Дуров.
„Обединетите Арапски Емирати внимателно го следат случајот на својот државјанин Павел Дуров, основачот на Телеграм, кого француските власти го уапсија на аеродром во Парис“, соопшти министерството за надворешни работи на таа држава. ОАЕ „побара од француската влада итно да му се пружат сите конзуларни услуги“, се додава во соопштението.